Македонскиот ракомет е завиен во црно, откако денеска почина Илчо Јанев, дел од школата на КЛ7 од Свети Николе.
Јанев е првиот тренер, од кој започна да ги учи тајните на ракометот македонската легенда Кире Лазаров.
Веста за смртта на Јанев ја објави тимот на Овче Поле на социјалните мрежи.
„Со голема жал и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот тренер Илчо Јанев.Прекрасен човек,тренер кој секогаш се трудеше да изгради врвни играчи пред се добри луѓе. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир Тренеру“, се вели во објавата.