Ракометарот кој покажа одлични партии во минатите 18 дена, Домагој Дувњак ги доби почестите за настапот на Европското првенство и пред одигрувањето на финалето го доби признанието за најкорисен играч.
Тој не се најде во најдобрата седумка, но тоа е веќе вобичаено. Сепак, заслужено го добива признанието за МВП на Европското првенство.
Во најдобриот тим имаше место за двајца поранешни вардарци. Игор Карачиќ и Хорхе Македа се во најдобриот состав на позициите среден и десен бек, а и тие имаа добри турнири така што не изненадува вбројуањето во овој состав.
Кои играчи се најдоа меѓу најдобрите можете да погледнете во продолжение.
ОЛ-СТАР ТИМ
ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)
ЛЕВО КРИЛО: Магнус Јондал (Норвешка)
ЛЕВ БЕК: Сандер Сагосен (Норвешка)
СРЕДЕН БЕК: Игор Карачиќ (Хрватска)
ДЕСЕН БЕК: Хорхе Македа (Шпанија)
ДЕСНО КРИЛО: Блаж Јанц (Словенија)
ПИВОТ: Бенце Банхиди (Унгарија)
ДЕФАНЗИВЕЦ : Хендрик Пекелер (Германија)
СТРЕЛЕЦ: Сандер Сагосен (Норвешка) – 65 гола
МВП: Домагој Дувњак (Хрватска)