Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во текот на вчерашниот ден го судеше големото дерби во Полска меѓу Келце и Висла Плоцк, кое го доби домашниот тим со 27-26.
Пофалби за нивната арбитража пристигнуваат од сите страни.
Десниот бек на Висла Плоцк, Михал Дашек вели дека македонските арбитри имале контрола на целиот меч.
„Тие го контролираа текот на натпреварот. Не дозволија да има ситуации што ги имало во минатото на двобоите меѓу Келце и Висла Плоцк. Кога станува збор за судењето, мора да се признае дека тоа беше на највисоко ниво“, вели Дашек.
Со него се согласи и претседателот на Келце, Бертус Сервас.
„Сакам да им се заблагодарам на судиите. Тие направија одлична работа. Играчите ги почитуваат нив многу. Им честитам на полската федерција и на раководството на лигата за изборот“, кажа Сервас.