Некогашниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, игра во одлична форма во Бундес лигата. Тој беше клучниот ракометар во победата на неговиот Вецлар над Минден со 29-26 во последното коло, а тимот ја прекина црната серија од шест меча без освоен бод.
„Не игравме натпревари скоро еден месец и беше многу тешко да се вратиме на теренот. Филип Миркуловски беше фантастичен. Неверојатно е што прави овој 35-годишен човек, тој ја имаше контролата на мечот на својот „грб“, го водеше тимот како вистински лидер. Миркуловски ја направи разликата на теренот“, изјави тренерот Каи Вандшнајдер.
Миркуловски постигна шест погодоци, а подели и многу асистенции до соиграчите. Интересен факт од натпреварот со Минден е што некогашниот член на Металург и Хановер, ја имал топката во своите раце скоро седум минути.