Потпретседателот на украинската ракометна федерација, Евгениј Петрушевски, преку свое соопштение, кое беше официјално поставено на официјалната страна на самата федерација, повика на голема солидарност кон украинскиот народ откако Русија изврши агресија над неговата земја.
Петрушевски очекува голема солидарност од ИХФ и ЕХФ, како и од сите национални федерации од остатокот од светот, но повика и на демонстрации против Русија.
Со започнување на војната во Украина, голем дел од спортистите од странство кои што играат за украински клубови останаа заглавени низ градовите во Украина.
„Ставот на Меѓународната ракометна федерација и Европската ракометна федерација, како и на национални федерации ќе биде значајна морална поддршка не само за нашите спортисти, туку и за сите Украинци. Светскиот ракомет мора да ја исполни својата најважна мисија, тоа е заштитата на мирот. Тишината ќе биде отфрлање на оние основни принципи што ја сочинуваат нејзината суштина. Верувам во спортската солидарност и повикувам што побрзо да се демонстрира. О, спорт! Ти си мир. Воспоставувате добри, љубезни, пријателски односи меѓу народите. Вие сте договор. Ги спојувате луѓето кои бараат единство. Ја учите повеќејазичната, мултинационална младина да се почитуваат едни со други. Вие сте извор на благородна, мирна, пријателска конкуренција. Под вашите мирни знамиња ја собирате младоста – нашата иднина, нашата надеж“, стои во дел од соопштението на Петрушевски.
Во вчерашниот ден, неколку големи клубови како Кил, Мелсунген, Келце, преку социјалните мрежи се солидаризираа со Украинците.
Пораки пристигнуваат од сите страни: Ракометниот свет е со мислите со украинскиот народ (ФОТО)