Најголемиот дел од екипите ги започнуваат подготовките за наредната сезона, а претежно се одлучуваат за тренинзи во своите сали или на отворено согласно препораките.
Ретки се екипите кои ќе заминат на подготовки надвор од својата земја, а меѓу нив е женскиот клуб од Романија, Крајова кој ќе замине на подготовки во Грција.
Тие ги започнаа подготовките со 16 ракометарки, но сè уште не се комплетни. Од четврток романскиот тим со ростерот кој го има на располагање ќе се подготвува во градот Драма во Грција.
На подготовките нема да патуваат две ракометарки, Адриана Такалие Кациун која имаше позитивен тест на коронавирус и сега е во изолација.
Исто така Русинката Екатерина Матлашова ќе недостасува бидејќи не се појави на собирот на екипата, а ниту стручниот штаб и раководството немаат контакт со неа.