Данскиот шампион Алборг за новата сезона го ангажираше ракометарот на Барселона, Арон Палмарсон.
Исланѓанецот за тамошните медиуми изјави дека клучна улога во потпишувањето на неговиот тригодишен договор со Алборг била високата амбиција на тимот, но и пристигнувањето на Михел Хансен во екипата.
„За трансферот на Микел во Алборг зборуваше цела ракометна заедница. Кога Алборг го контактираше мојот менаџер со понуда, мене ми беше лесно да ја прифатам по претставената амбиција за следната сезона. Потпишувањето на Микел Хансен со Алборг беше јасен сигнал за високите цели на тимот”, изјави Палмарсон.
Во Алборг во новата сезона ќе пристигнат и Кристијан Бјорнсен, Мартин Ларсен и Јеспер Нилсен. Репрезентативецот на Данска, Микел Хансен ќе биде нов ракометар на Алборг од следното лето.