Машката репрезентација на Македојнија ќе игра против Германија, Франција и Швајцарија на ЕП 2024 година.
Нашите ракометари ќе играат во групата А, најтешката група на континенталниот собир што ќе се игра во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин.
На првиот ден од ЕП, Македонија ќе се соочи со актуелниот олимписки првак Франција на 10 јануари.
По четири дена пауза, на 14 јануари, избраниците на Кире Лазаров ќе играат против домаќинот Германија, додека за крај на 16 јануари ќе играме против Швајцарија.
Распоред на натпревари:
10 јануари, Македонија – Франција
14 јануари, Македонија – Германија
16 јануари, Македонија – Швајцарија