Двократниот освојувач на титулата во Лигата на шампионите, Вардар, претстојната сезона ќе игра во Лигата на Европа.
Вардарци ќе стартуваат од квалификациите, а ждрепката сакаше за ривал да го добијат тимот на Рајн Некар Левен.
Така сакаше денешната ждрепка што се одржа во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена.
Првиот натпревар меѓу Вардар и Рајн Некар Левен се игра на 26/27 август во Скопје, додека реваншот се игра една недела подоцна, по кој ќе биде познат патникот во групната фаза.
Македонија ќе има уште еден претставник во Лигата на Европа, а тоа е тимот на Алкалоид предводен од селекторот Кире Лазаров.