Потег на денот: Манасков без респект кон селекторот, му украде топка од раце (ВИДЕО)

Екипата на Нант денеска успеа да се одбрани на гостувањето во Веспрем, а со тоа Кирил Лазаров обезбеди ново место на Ф4 турнирот во Келн. Дејан Манасков својата шанса со Веспрем ќе ја бара следната сезона, а тој го имаше потегот на натпреварот. При една акција на Нант, Манасков одигра одлично во одбрана и му ја пресече топката од раце на Лазаров играјќи без респект против селекторот и капитен на репрезентацијата на Македонија. Имаше и неколку добри потези во серија на двајцата што може да се види во видеото.