Белорускиот голман во редовите на Ла Риоха, Александар Маркелов ги освои симпатитие на шпанската ракометна јавност, откако во натпревар од Асобал лигата ја исправи судиската грешка и не дозволи да има исклучување во противничкиот табор.
Ла Риоха на домашен терен играше против Толеравега и загуби со 35:34, но победата на гостите остана во сенка поради фер-плеј потегот на белорускиот голман.
Во 38 минута од дуелот, еден од ракометарите на Торелавега шутираше кон голот на Маркелов. Судиите помислија дека топката го погоди во лицето белорускиот голман и тргнаа да го исклучат гостинскиот играч на две минути.
Но, Маркелов ги корегираше судиите, велејќи дека топката го удрила во пределот на градите, и не дозволи противничкиот тим да остане со играч помалку.