Капитенот на Исланд, Арон Палмарсон, од следното лето се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Хафнарфјордур.
Тој нема да ја одработи последната сезона од договорот со данскиот Алборг и поради семејни причини заминува на Исланд.
По 14 сезони настапи за германскиот Кил, каде што замина како тинеџр, потоа за унгарскиот Веспрем, шпанска Барселона и дансккиот Алборг, Палмарсон реши дека е време за враќање дома.
32-годишниот бек истакна дека сака да поминува повеќе време со семејството, но не планира да ја завршува кариерата и посакува да продолжи со играњето на високо ниво.