Ракометарите на Нексе го остварија најголемиот успех во клупската историја со пласманот на завршниот турнир во Лигата на Европа кој ќе се игра на 28. и 29. мај.
Нексе во реваншот од четвртфиналето кај ГОГ Гудме одигра 37:37 и така ја одбрани предноста од пет гола разлика од првиот натпревар (32:27). Фантастичен во ремито во Данска беше Халил Јагањац кој натпреварот го заврши со 12 постигнати гола. После натпреварот Јагањац не успеа да ги задржи солзите.
„Еве, повторно ќе се расплачам. Не знам кој е резултатот на крајот, најважно е што поминавме. Нексе од Нашице се пласираше на фајнл-фор. Тука почнува и завршува се. Во нас има уште сила, малку ќе уживаме затоа што за вакво чувство се работи цел живот“, порача Јагањац.