Екипата на Барселона стартуваше со победа во новата сезона од најсилната лига на Шпанија. Беше забележан триумф од 13 гола разлика, 31:18 на гостувањето кај тимот на Анаитасуна.
Сепак, оваа победа не беше доволна бидејќи имаше друга екипа со подобар резултат во првото коло. Ракометарите на Бидасоа славеа со идентична разлика кај тимот на Кањас, но постигнаа повеќе голови, 35:22.
Поради ваквиот епилог, Барселона не е лидер после првото коло во Асобал, па може да се очекува да се врати на врвот веќе во следното кога сигурно ќе има одново висок триумф.
Ова практично беше 2. коло со оглед на фактот што првото коло беше одложено, а требаше дасе одигра на 2 септември.
АСОБАЛ ЛИГА, РЕЗУЛАТИ
Пуенте Хенил – Синфин 27:22
Куенка – Бодегас Церес 26:18
Грањолерс – Дицса 27:21
Адемар Леон – Бенидорм 26:22
Морацо – Бидасоа Ирун 22:35
Пуерто Сагунто – Ваљадолид 31:33
Анаитасуна – Барселона 18:31
Хуеска – Гвадалахара 22:23
Ла Риоха – Нава 31:18