Репрезентативецот на Данска, Ханс Линдберг кој беше позитивен на Ковид 19 после дуелот против Македонија, конечно заврши со изолација и ќе може да се врати на клупските обврски.
Тој на својот профил на Инстаграм објави дека завршил со крантинот и дека се чувствува добро и се радува што конечно е на слобода.
„Конечно на чист воздух. Тешката битка со Ковид 19 и 16-дневна изолација конечно е завршена. Се случи така што дојдов дома и го заразив моето семејство. За среќа никој дома не беше толку погоден како што бев јас“, напиша Линдберг.
Тој полека ќе се враќа на клупските обврски во Фуксе Берлин кој минатите две недели играше во осминафиналето од Лигата на Европа и успеа да си обезбеди пласман во следната фаза од елиминациите. Во четврт-финалето ривал е тимот на Монпелје.
View this post on Instagram