Еден од најнесреќните ракометари е Хрватот, Марио Вуглач кој после многуте проблеми со повредите најавува повторно враќање на терените. Најголемиот дел од кариерата го помина во Загреб каде што од наредната сезона би требало повторно да заигра.
Проблемите со повредите на Вуглач почнаа пред десетина години кога ги скрши двете коски на подлактицата. Оттогаш Хрватот двоцифрен број пати бил на операција. Последен пат играше во 2018 година кога повторно се повреди. Иако тогаш најави дека тоа е крај на неговата кариера, сепак, десниот бек ќе си даде уште една шанса.
„Досега имав 13 или 14 операции, веќе не сум ни сигурен колку се точно. Пред десет години првата, а потоа само што заминав во Балинген ги повредив предните вкрстени лигаменти. Следуваа проблемите со рамото и пукањето на градниот мускул. Верувам дека телото се рехабилитираше и дека е подготвено. Разговарав со луѓето од Загреб, прво на телефон, а потоа и се видовме. Сè се случи многу брзо во еден ден. Верувам дека ќе постигнеме договор, но сè зависи од мојата подготвеност односно колку време ќе ми треба да се вратам на ниво кое би задоволило. Јас во секој случај сум подготвен, а исто така и тие“, рече Вуглач.
Во меѓувреме Марио Вуглач додека беше повреден стана моден дизајнер и креираше своја модна линија. Засега е задоволен од постигнатото но во иднина планира да ја прошири линијата. Во хрватските медиуми Вуглач го споредуваат со Џастин Бибер.
„Тие провокации нема да ги коментирам. Немам ништо против споредбите, но не ги сфаќам сериозно. За модната колекција прашуваат многу колеги, прашуваат особено затоа што облеката е малку невообичаена. Мислам дека не е баш за нашиот пазар, но во иднина планирам да ја проширам со основни модели за да биде подостапна за сите“, коментираше Вуглач.
Инаку, се работи за десен бек кој беше и на списокот на Лино Червар, но повредите го спречија да може да фати подобра позиција и во репрезентацијата.
View this post on Instagram
Life is #ART . Live yours in #COLOR . #katefilipovicphotography #MOOD2 @getinthemood1307