„После операцијата имав белодробна емболија, десет дена бев „врзан“ за кревет“

Средниот бек на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Никола Карабатиќ се опоравува од операцијата на предните вкрстени лигаменти. Тој подолго време е надвор од терените, а го пропушти и Мундијалот во Египет.

Закрепнувањето на Карабатиќ после операцијата не било воопшто лесно, ракометарот раскажа со какви проблеми се соочувал и подолг период бил врзан за кревет.

„Кога се оперирав решив да не правам конкретни планови во врска со датумот на моето опоравување. Две недели после операцијата веќе бев без патерици и сè беше во ред. Потоа имав тромбоза со белодробна емболија поради што бев во болница десет дена и бев врзан за кревет. Нормално се прашував кога повторно нормално ќе почнам да тренирам. Сепак сето тоа помина многу брзо и лекарот и физиотерапевтот сметаат дека сега сè е во ред. Хирургот рече дека р’скавицата и менискусот во коленото се добри. Кога повредата не е многу сериозна мојата работа е да играм со болки. Но, со ова повреда нема да ризикувам. Ќе играм повторно само кога ќе се чувствувам апсллутно добро“, изјави Карабатиќ.

Карабатиќ се повреди во октомври минатата година на натпревар од домашното првенство. Првите прогнози беа дека ќе остсуствува околу шест месеци, но нема да биде изненадување доколку биде надвор од терените до крајот на сезоната.