Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите против тимот на Келце пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.
Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети, а истите се за секторот СТОЕЊЕ.
Цената на билетите е 150 денари.
Натпреварот меѓу Вардар и Келце е закажан за денеска од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.