Стратегот кој ја напушти клупата на Македонија за да се врати во Хрватска и да го презеде водењето на сениорската репрезентација на оваа земја, Лино Червар ги одработува последните месеци од селекторската работа.
Веќе е познато уште колку време ќе биде на оваа функција и што ќе работи после одработувањето на мандатот.
„Ова е последна година во која Лино Червар ќе биде на клупата на репрезентацијата. Тој е нашиот најтрофеен тренер. Ја донесе репрезентацијата од дното до врвот и поради тоа сите треба да му симнеме капа до под. Длабок поклон кон него. Нема да дозволиме некој да го навредува од страна на квази тренерите кои едвај чекаат да го коментираат секој негов потег. После Токио, Лино Червар ќе стане координатор за машки ракомет, како и прв човек на тренерската организација на Хрватска“, појасни потпретседателот на Ракометниот сојуз на Хрватска, Зоран Гобац.