Голманот на Порто и на португалската репрезентација, Алфредо Кинтана, денеска почина во клиниката Сао Жоао.
И покрај сите напори на медицинските лица, Порто ја соопшти тажната вест на веб-сајтот и на социјалните мрежи.
Последната фотографија на португалскиот голман со кубанско потекло беше со нашиот репрезентативец Никола Митревски, со кои си ги заменија дресовите на Португалија и Македонија по настапот на Светското првенство во Египет
За португалската репрезентација настапуваше од 2014 година, одигра 56 натпревари и постигна 7 погодоци.
View this post on Instagram