Со натпреварот меѓу Португалија и Јапонија стартува последното коло на машкиот турнир на Олимписките игри, а ќе треба да се пополнат уште три места за четврт-финалето.
Утре ќе бидат познати сите двојки по кои ќе се тргне во битка за медалите, но и кои осум селекции ќе се борат за останување до крај на Олимпијадата.
Како што стојат работите Египет и седумте европски селекции ќе бидат во разигрувањето, но и Бразил има своја „луда шанса“, која останува да се види дали ќе биде остварлива.
Има комбинација во која може со победа на Германија и пораз на Норвешка од Франција да се направи круг од три репрезентации со ист број на бодови. Сепак, јасно е дека Германија е фаворит на овој дуел, па останува да се види како ќе течат работите.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ – МАЖИ
5.КОЛО (НЕДЕЛА, 1 АВГУСТ)
ГРУПА А
07:15ч
ШПАНИЈА – АРГЕНТИНА
09:15ч
НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА
12:30ч
ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ
ГРУПА Б
02:00ч
ПОРТУГАЛИЈА – ЈАПОНИЈА
04:00ч
ЕГИПЕТ – БАХРЕИН
14:30ч
ДАНСКА – ШВЕДСКА