Машката кадетска репрезентација на Македонија по денешната победа над Унгарија од 22:20 ќе се бори за 9 место на Светското првенство во Хрватска.
Ривал на Македонија во борба за 9 место ќе биде репрезентацијата на Чешка, која немаше поголеми проблеми против Саудиска Арабија и славеше со 36:33.
Без разлика на исходот од утрешниот дуел, пласманот на избраниците на Раде Стојановиќ во ТОП 10 на кадетскиот Мундијал е голема потврда дека Македонија има ракометна иднина.
Ова е втор настап на машка кадетска репрезентација на СП, по она во 2019 година кога како домаќини бевме на 13 место од 24 селекции.
Своевремено, кадетите на Македонија беа дел од ЕП 1994 и ЕП 2014 во Полска, но тогаш завршија на 15 место.
Дуелот меѓу Македонија и Чешка ќе се одигра утре, со почеток од 20:00 часот.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!
Македонија ја сруши моќната Унгарија, ќе игра за 9 место на СП!