Финалето на 15. Европско првенство за сениори финишираше со голот на Екберг од линијата од седум метри за победа на Шведска од 27:26.
Дел од ракометарите после овој натпревар израдуваа свои фанови бидејќи имаа подарок за нив. Фановите посакаа да добијат дрес, но место тоа ги добија патиките, па ќе ги имаат за сувенир.
Хорхе Македа прв ги соблече патиките и ги подари патиките на едно дете кое беше на трибините.
Малку потоа истото го направи и Петерсон од Шведска. И тој ги подари патиките исто така на едно дете кое беше на трибините.
Кој подарок има поголема вредност останува да проценат самите фанови, но дефинитивно овие подароци ќе останат убав спомен за децата кои беа дел од гледачите на големото финале кое беше едно од поинтересните на европските шампионати.