Ракометарите на Металург и Еурофарм Пелистер во вторник на 17 ноември, би требало да ги одиграат натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.
Иако битолчани имаат голем број позитивни случаи, засега не е одложен дуелот со швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, иако има услови за тоа.
Додека ЕХФ не пресече, овој натпревар е во групата „би требало да се играат“, а европскта куќа на ракометот делегираше и судии. Станува збор за руските арбитри Николај Володков и Евгениј Зотин, додека делегат ќе биде Камер Металари.
Терминот за натпреварот во Битола е 18:45 часот, а ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“.
ЕХФ делегираше португалски судии на натпреварот меѓу Адемар Леон и Металург – Фреитас и Карваљо, а делегат ќе биде Гулао, исто така од Португалија. Овој дуел ќе се игра на 17 ноември од 20:45 часот.