Македонскиот репрезентативец Филип Талески од следната сезона одново ќе стане интернационалец, барем според португалските медиуми.
„О Жого“ пишува дека Талески е пред преселба во португалскиот тим Бенфика, ланскиот освојувач на трофејот во Лигата на Европа.
Талески е дете на Металург, настапуваше за бундеслигашите Рајн Некар Левен и Балинген, а по камбекот во Македонија ја одработува третата сезона во Вардар.
Во Бенфика на левата бековска позиција во моментов игра српскиот репрезентативец Петар Ѓорѓиќ.
Покрај Талески, во Бенфика би требало да дојде и средниот бек на Агуаш Санташ, Руи Мигел Баптиста.
На тренерската позиција на местото на Чема Родригес, доаѓа досегашниот асистент на Раул во ПСЖ, Хавиер Хота Гонзалес.