Репрезентацијата на Португалија во првиот бараж натпревар за Светското првенство 2023 дојде до победа над Швајцарија со 33:26.
Ракометарите на Португалија уште од стартoт имаа контрола на резултатот и во ниту еден период од натпреварот не дозволија гостите од Швајцарија да бидат рамноправен противник.
Португалија на полувреме имаше предност од три гола разлика, 15:12, додека во второто полувреме избраниците на Михаел Сутер заостануваа на сериозна негатива. Победникот веќе беше познат при резултат од 25:19 за домашната селекција.
Предводник во репрезентацијата на Португалија беше Виктор Итуриза, кој имаше 100% реализација, односно осум погодоци од исто толку обиди. Во Швајцарија прв стрелец беше Рубин Лени со седум постигнати погодоци.
Реванш натпреварот меѓу Португалија и Швајцарија е закажан за 20 март во Винтертур.