Португалија ја изненади „фуријата“ пред ОИ

Репрезентациите на Португалија и Шпанија одиграа подготвителен натпервар во пресрет на Олимписките игри во Токио кој го добија португалските репрезентативци со минимални 32:31.

Натпреварот беше израмнет и неизвесен до крај, после првото полувреме избраниците на Валеро Ривера имаа водство од еден гол 16:15.

Во продолжението Португалците успеаја да го свртат резултатот и да обезбедат победа на овој контролен натпревар. Двајцата селектори имаа можност на овој силен тест меч да ја проверат формата на нивните ракометари и да испробаат некои нови комбинации.

Најефикасен во победничкиот тим беше Педро Портела со пет погодоци, а играч на мечот беше Фабио Магалаеш со три погодоци и шест асистенции. Португалија и Шпанија ќе учествуваат на Олимписките игри, но нема да се сретнат во групната фаза.