Во вториот натпревар од квалификациската група каде што игра Македонија, селекцијата на Португалија без никакви проблеми славеше против Турција со убедливи 44-27.
Победникот беше решен уште по првиот дел, кога избраниците на Пауло Переира направија висока предност од 12 гола, 24-12. Во второто полувреме ја зголемуваа разликата и одиграа рутински до крајот.
Кај Португалија, Бранкињо, Франциско Коста и Итуриза дадоа по шест погодоци, а голманите Гашпар и Еспиња имаа десет одбрани. Во турската репрезентација , Јагморуглу имаше шест гола.
Противникот на Македонија во групата на СП, Холандија, изненадувачки се мачеше дури до последните секунди против Белгија и славеше со 25-24 со голот на Каи Смитс. Тој во отсуство на Лук Стеинс, беше лидер на теренот и успеа да постигне дури 12 голови.
Во балканскиот двобој, селекцијата на Словенија без многу мака ја победи Босна и Херцеговина со 28-20. Влах со седум и Бомбач со пет гола ја водеа Словенија кон триумфот, а кај БиХ се истакнаа Граџан со пет погодоци.