Португалија не се шегува, со максимум влегува во битка за четврт-финале

Со победата против Алжир со 26:19 во рамките од групата Ф, селекцијата на Португалија обезбеди максимален број на бодови од трите победи и во следната фаза влегува како потенцијален кандидат за добра позиција во четврт-финалето.

Добрата игра на репрезентативците на Португалија која главно се базираше на контра напади, донесе предност од 7:5 во 15. минута од натпреварот. Алжир со головите на Ајуб Абди се одржуваше во резултатска игра. Сепак, искуството на Португалците и нивната добра одбрана беше клучна за пет гола разлика на полувреме, 14:9.

Во 33. минута, Алжир остана без пикерот, Хичем Каабеше кој поради трето исклучување доби црвен картон и мораше да го напушти натпреварот.

Со опуштањето на Португалците, Алжир во еден момент се обиде да го загрози водството на Португалија и намали на четири разлика, 20:16. Во 44. минута се вклучи алармот кај Португалците, после голот на репрезентативецот на Алжир, Зохир Наим за 20:17.

Во последните десет минути и двете репрезентации имаа неколку грешки, но Португалија со рутинска игра ја зголеми предноста и успеа да дојде до седум разлика со што дојде до третата победа во својата група и пренесува максимални четири поени во втората фаза.

18 јануари 2021
26 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 јануари 2021 20:00 ГРУПА Ф 2020/2021 18.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОРТУГАЛИЈА1426Победа
АЛЖИР919Пораз

ПОРТУГАЛИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Алфредо Кинтанаголман00
4Педро Портелалево крило04
5Жилберто Дуартелев бек01
8Виктор Итуризапивот02
9Жоао Фераздесен бек00
10Мигел Мартинсцентрален бек12
11Белоне Мореирадесен бек03
14Руи Силвацентрален бек00
16Умберто Гомесголман00
22Алексис Боргеспивот33
23Диого Бранкињолево крило02
24Александре Кавалкантилев бек03
25Антонио Аријадесно крило02
27Андре Гомеслев бек00
30Леонел Фернандеслево крило03
88Фабио Магаљаешлев бек01
 Вкупно 426

АЛЖИР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Зохир Наимлев бек03
4Нуредине Хелаллев бек00
6Месуд Беркослев бек07
7Дауд Хичемлев бек02
15Редуане Сакердесно крило00
16Јахја Земучиголман00
18Хичем Каабешепивот10
21Усем Буџенахлево крило00
22Калифа Гедбанеголман00
23Абдерахим Беријахдесен бек00
25Софијане Бенџилалипивот10
26Моктар Курилев бек00
36Рахим Абделкадерцентрален бек00
44Мустафа Хаџи Садокцентрален бек02
77Ариб Редалево крило00
87Абди Ајублев бек05
 Вкупно 219

Officials

Судии:
Иван Павичевиќ -Црна Гора
Милош Ражњатовиќ -Црна Гора
ПозЕкипаНПРЛБ.
1НОРВЕШКА33006
2ХОЛАНДИЈА32014
3АРГЕНТИНА31022
4МАКЕДОНИЈА30030