Португалскиот првак Порто го донесе третото засилување за претстојната сезона, а тоа е десниот бек Јакоб Микелсен.
Станува збор за 25-годишен дански интернационалец кој се обврза на договор на три сезони со актуелниот шампион на Португалија.
Тој доаѓа од францускиот Истр, каде што на 18 натпревари даде 87 погодоци и беше меѓу најдобрите стрелци.
Пред Микелсен, за Порто потпишаа и шведскиот десен бек Џек Турин од Сковде и данскиот лев бек Николај Лесо од Алборг.
Од претходната сезона друштво на Митревски на голот му прави Данецот Себастијан Франдсен, па заедно со тренерот Магнус Андерсон, во Порто ќе има петмина скандинавци.