Поранешните колеги од тимот на Металург – Мартин Томовски, Жарко Пешевски, Филип Талески и Филип Кузмановски, го искористија слободното време и престојот во Македонија за дружба.
Откако имаа малку шанси за дружење во Германија, каде што сите четворица играа минатата сезона, надоместија во Македонија.
Кузмановски, Томовски и Пешевски и следната сезона ќе играат во Бундес лигата, додека Талески по четири години се врати во Македонија, овој пат во дресот на Вардар.
A кога на едно место ќе се соберат старите клупски другари песната и атмосферата е секогаш на високо ниво