Поранешниот ракометар на Вардар, хрватскиот интернационалец Јосип Векиќ повеќе не е дел од исладскиот тим Тор Акурејри.
Исланѓаните го раскина договорот со десниот бек а потврда за тоа стигна од претседателот на Тор Акурејри, Арни Рунар Јоханесон.
Векиќ не ги исполни очекувањата на раководството на исландскиот тим па како резултат на тоа дојде и до предвремено раскинување на договорот.
Векиќ во Тор Акурејри пристигна на крајот на септември каде одигра вкупно 11 натпревари на кои постигна 51 погодок.
Претходно Векиќ настапуваше во екипите на Криенс Луцерн и Емсдетен од Швајцарија, Вардар и ППД Загреб.