Некогашниот ракометар на Вардар, Лука Раковиќ, заминува од францускиот второлигаш Нанси и во следната сезона ќе има нов предизвик.
Тој дојде на полусезоната во францускиот клуб, но договорот не му беше продолжен. Претходно одигра две одлични сезони во ТУС Либек, а беше дел од португалската Бенфика и Загреб во два наврати.
Потекнува од составот на Бјеловар, а играше и за Перутнина ПИПО, Метковиќ Јамбо и Босна.
Десното крило од Хрватска во Вардар помина две години, од 2012 до 2014, и освои една титула во СЕХА лигата, една во Купот на Македонија и една во Суперлигата.