Поранешната ракометарка од Доминиканската Република, Марилеиди Паулино, стана нова светска шампионка во атлетската тркачка дисциплина од 400 метри на Светското првенство во Будимпешта.
Паулино спортската кариера ја започнала како ракометарка, но откако тогашниот министер за спорт во нејзината татковина ги забележал нејзините тркачки способности, добила предлог да стане атлетичарка.
Потоа, таа била вклучена во атлетскиот камп и регрутирана од атлетската федерација на Доминиканската Република.
Несудената ракометна репрезентативка на Доминиканската Република на последното Светско првенство одржано во Будимпешта со време од 48,76 секунди постави национален рекорд.
Тоа беше прво индивидуално злато на Паулино на едно големо натпреварување по сребрените медали на Олимписките игри во Токио и Светското првенство во 2022 година.