Поранешна младинска репрезентативка доби „Мастер Коуч“ лиценца

Поранешната младинска репрезентативка на Македонија и членка на МГА Фиверс, Моника Стефаноска, положи за Мастер Коуч лиценца.

Стефаноска, која своевремено беше ракометарка и на Хипо, а се уште е активна на ракометните терени, веќе работи и во стручниот штаб на кадетската селекција на Австрија.

Таа лани го започна патот до Мастер Коуч лиценца во Виена за време на машкото Европско првенство.

Покрај Стефаноска, уште една поранешна репрезентативка на Македонија, Билјана Црвенковска од вчера започна да ги слуша предавањата од првиот модул, а исто така и Андријана Будимир, која работи во Македонија, е на втората етапа од добивање на највисоката тренерска лиценца.

Од дамите, Мастер Коуч лиценци веќе имаат Индира Кастратовиќ и Јулијана Дамчевска.