Поранешната македонска репрезентативка Елена Ливриниќ реши да ја заврши играчката кариера.
Тоа го направи како членка на унгарскиот тим Сомбатељ, во кој се пресели минатото лето, но заработи повреда и паузираше од терените.
Потекнува од школата на Металург, каде играше до 2016 година пред да се пресели во Романија каде остави длабока трага.
Три сезони настапуваше за Данубиус Галаци, а потоа беше дел од Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Слатина и Дева, пред да замине во Унгарија.
28-годишната Ливриниќ настапуваше и за македонската репрезентација, но не заигра на големо натпреварување.