Поранешната ракометарка на Вардар Андреа Лекиќ кариерата ќе ја продолжи во Унгарија во тимот на Ференцварош.
Лекиќ на новиот тим ќе се приклучи по завршувањето на актуелната сезона. Ракометарката која е на третото место на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите изрази големо задоволство од пристигнувањето во Ференцварош.
„Со нетрпение очекувам да се приклучам на зелено-белото семејство. Името на Ференцварош е синоним за традиција, станува збор за еден од најголемите европски ракометни клубови со неверојатна база на навивачи. Сите во клубот размислуваат на ист начин – посакуваме победа на секој натпревар и дома и во Лигата на шампионите. Мојата цел за која што сум тука е да освојувам трофеи. Сум играла неколку пати тука, салата секогаш е полна и атмосферата е фантастично. Кога неодамна игравме со Крим против веќе знаев дека ќе се приклучам на тимот во текот на летото и се чувствував добро што следната година ќе бидам дел од тој тим. Мотивирана сум и убедена дека ќе имаме голем успех“, изјави Лекиќ.
Лекиќ во кариерата покрај Вардар настапуваше уште за ОРК Белград, Раднички, ЖРК Књаз Милош, Ѓер, ЧСМ Букурешт, Будуќност и Крим Меркатор од каде што доаѓа во ФТЦ.