Пред два дена, шпанската ракометна јавност ја потресе тажната вест за смртта на 55-годишниот Клаудио Гомез, поранешен чувар на мрежата на Атлетико Мадрид.
Некогашниот голман, ја извршуваше менаџерската функција во Асоцијацијата на играчите од Асобал лигата, како и директорската во шпанската федерација.
Гомез беше пронајден мртов покрај реката Голмајо, во областа Сорија каде што се одржуваше детски камп со ракометари од Мадрид, Валенсија, Ваљадолид и други градови.
По аутопсијата на телото на Гомез било утврдено дека тој имал коронавирус, но не е познато дали тоа е главната причина за смртта.
Сето тоа предизвика паника кај учесниците на кампот, но тестовите на сите што биле присутни се негативни.