Некогашниот селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ, кој беше на клупата и на шампионот Вардар, ќе ја промовира книгата „3-2-1: Враќање кон корените“.
Ракометот на екс-ју просторите е во дефицит со стручна литература и на прстите од една рака може да се набројот издадените книги.
Ѓукиќ, кој освен во Македонија работеше во Унгарија, Велика Британија, Израел, Романија и со клубови и репрезентации, во новата книга го следи развојот на одбраната 3-2-1 од настанувањето до применувањето во денешниот современ ракомет.
Книгата, која ќе биде преведена и на англиски јазик, има 110 страници, а промоцијата е одложена за почетокот на август.