Селекторот со кој женската репрезентација го има остварено најдобриот пласман на ЕП, Владимир Глигоров, ќе го предводи прволигашот Металург РА.
Глигоров од минатото лето е дел од тимот од Автокоманда и работи во младинските категории, а сега добива уште една функција.
Тој доаѓа на местото на Игор Котевски кој се сели во КЛ7 и ќе се обиде да стигне до место кое води до бараж за Суперлигата.
Глигоров беше селектор на женската репрезентација со која стигна до седмото место на ЕП 2008 година, работеше во Либан со машки и женски клубови, како и со младинските селекции, го тренираше Радовиш, беше предводник на косовска Беса, а има работено уште во неколку македонски клубови.