Поранешен руски селектор до Хергеирсон: Ви кажуваме ли ние кој да биде претседател на Исланд!?

Поранешниот селектор на женската репрезентација на Русија, Евгениј Трефилов во интервју за рускиот „Спорт Експрес“ зборуваше за актуелните случувања во светскиот ракомет.

Неколку дена по почетокот на војната во Украина, ЕХФ и ИХФ ги суспендираа клубовите и репрезентациите од Русија и Белорусија.

Селекторот на Норвешка, Торир Хергеирсон за тамошните медиуми изјави дека рускиот спорт ќе остане изолиран додека не се сменат владата и претседателот во Русија.

Трефилов на прашањето што мисли за изјавата на неговиот колега од Исланд, категорично одговори дека Хергеирсон треба да си ја гледа својата работа.

„Јас имам само едно прашање за селекторот на Норвешка од Исланд. Торир, дали ние ви кажуваме кој да ви биде претседател на Исланд? Дополнително, да не забораваме дека тој мора да работи со својата репрезентација, а не да кажува на новинарите кој и какви позиции да има во нашата држава. Според мене, спортистите не треба да се занимаваат со политика. Хергеирсон треба да си ја гледа својата работа и да го јаде својот тренерски леб“, изјави Трефилов.