Поранешен ракометар на Металург ќе го враќа Југовиќ во српската елита

Тимот од кој што потекнуваат многу познати српски ракометари, Југовиќ Каќ, ќе игра бараж за Суперлигата и најверојатно ќе се врати во елитното натпреварување кај северниот сосед.

По Милан Потпара, ново засилување за Југовиќ е некогашниот член на Металург, левиот бек Милан Шајин.

Тој кариерата ја започна во Врбас, играше за Сомбор, пред да замине во Катар каде настапуваше за Катар Спортс Клуб и Ел Џаиш шест години, а доби и катарско државјанство.

Имаше кратка епизода во романскиот Одорхеи, исто таква и во Металург во 2016 година, а во следните три години беше дел од Динамо Букурешт и од унгарските Цеглед и Ѓенѓеш.