Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Тасевски по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на својата кариера.
Од неговиот актуелен клуб Спортинг Пелт преку социјалните мрежи официјално го најавија пензионирањето на искусниот ракометар.
Тасевски, кој утре ќе полни 40 години, својата интернационална кариера ја започна во сезона 2008/09 кога од Преспа Ресен одлучи да замине во белгискиот суперлигаш Тонгерн.
Средниот бек во македонскиот шампионат го носеше дресот и на Вардар и Пролет, додека во Белгија настапуваше и за Бохолт.
Со речиси сите домашни и белгиски екипи има забележано настапи на европска сцена.