Ракометната легенда на БиХ, Никола Прце, кој, моментално е најдобар стрелец во историјата на босанската репрезентација со 444 погодоци, во следната сезона ќе биде нов тренер во косовскиот шампион Беса.
Раководството на клубот преку социјалните мрежи ја најави соработката со искусниот босански ракометар. Прце од 2019 година, па сѐ до изминатата сезона го носеше дресот токму на Беса.
Не е исклучена можноста босанецот во Беса да има двојна улога, покрај тренер да биде и играч. По завршувањето на Европското првенство во Унгарија и Словачка, Прце ја заврши репрезентативната кариера.
Освен за Беса, босанскиот ракометар настапуваше и за екипите на Азоти Пулави, ПИК Сегед, Адемар Леон, Брегенц, Извиѓач, Метковиќ, Загреб, Тримо Требње, Пуерто Сагунто, Логроњо и Ал Сад.