Поранешниот ракометар на Металург и репрезентативец на Австрија, Јанко Божовиќ својата кариера ќе ја продолжи во Кувајт, во екипата на Ал Сулајбихат.
Десниот бек во Кувајт заминува од Гумерсбах каде што настапуваше од 2019 година. Божовиќ со Ал Сулајбихат потпиша договор на една година.
36-годишниот десен бек еден дел од кариерата помина во Скопје каде што настапуваше за екипата на Металург во сезоната 2015/16, но неговиот претстој беше многу краток и беше испратен на позајмица во Ал Рајан.
Во својата кариера Јанко Божовиќ има настапувано за многу клубови, меѓу кои Фуксе Берлин, Спортинг, Мешков Брест и Емсдетен. За репрезентацијата на Австрија има одиграно 155 натпревари.