Поради штрајкот во Франција – меч од Лигата на шампионите може да биде одложен?!

Претстојниот викенд ракометарките на ЧСМ Букурешт треба(ше) да го одиграат натпреварот од Лигата на шампионите против францускиот Брест Бретањ.

Според пишувањата на романскиот „Про Спорт“, овој натпревар што е закажан за 18 септември во 16:00 часот, би можел да биде одложен за друг термин.

Поради штрајкот на француските аеродроми, многу летови се откажани, па нејасно е дали ракометарките од Романија ќе може да отпатуваат. Штрајкот почна денеска, а би требало да трае до утревечер.

Веќе се бараат алтернативни решенија, а за овој проблем известена е и ЕХФ, па веројатно натпреварот ќе добие друг термин, доколку не може да се најдат нови авио билети во последен момент.