Раководството на Порто донесе одлука да не одигра преостанатите натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите против Елверум, Мешков Брест и Фленсбург.
Играчите и управата се во голем шок по срцевиот удар на Алфредо Кинтана, кој се случи на тренингот во понеделникот, и ја информирале европската куќа на натпревари дека нема да играат натпревари следниот период.
Сепак Порто би требало да игра во осминафиналето на елитното натпреварување, а тие натпревари се на програмата кон крајот на март.
Дел од португалските медиуми, вчера објавија вест дека Кинтана починал, сепак набрзо таа беше повлечена. Тој останува во вештачка кома, а лекарите иако немаат оптимистички прогнози, сепак се борат да му го спасат животот.