Европската ракометна федерација (ЕХФ) преку својата официјална страна објави дека ракометниот суд на европската ракометна куќа донесол одлука ракометните федерации на Црна Гора и Шпанија да бидат парично казнети.
Црногорската ракометна федерација поради неовластено објавување рекламни материјали за време на натпреварот од ЕХФ Евро Купот меѓу Црна Гора и Македонија, кој бил одигран на 10 октомври минатата година во Нишкиќ, заработи парична казна од 3.000 евра.
Сепак, бидејќи ракометната федерација на Црна Гора по првпат направила прекршување од ваков вид на прекршок, 2.000 евра се изречени на условна основа, која автоматски ќе стапи на сила доколку федерацијата направи слична повреда во рок од една година, па така, црногорската ракометна федерација ќе плати само 1.000 евра.
Ракометната федерација на Шпанија на натпреварот меѓу шпанската женска репрезентација и Словачка во рамки од квалификациите за настап на Европското првенство 2022, го направила истиот пропуст. Натпреварот против Словачка бил одигран на 6 октомври минатата година во Малага.
Висината на паричната казна која ќе треба да ја плати ракометната федерација на Шпанија изнесува 3.000 евра.