Поради проблеми со пасошот: Холандија без селектор допатува во Скопје!

Селекцијата на Холандија, еден од ривалите на Македонија на претстојното Европско првенство, допатува во Скопје без селектор.

Холандската федерација објави на веб-сајтот дека Пер Јохансон поради административен проблем со пасошот не може да патува со авион и дека во најскоро време ќе допатува на друг начин во Македонија.

„Не се грижам и ќе патувам за Скопје во најскоро време. Тимот е одлично подготвен за континенталниот собир. Ракометарките се во добри раце на мојот асистент Рикардо Кларијс“, вели Јохансон.

Холандија е во група со Македонија, а натпреварот против „лалињата“, избраничките на Савевски ќе го одиграат на 7 ноември.