Поради неплатени сметки за струја се исфрлени од елитата – ќе играат во Трета лига!

Некогашниот силен тим од Унгарија, Шиофок, во кој своеврмено настапуваа трите екс ракометарки на Вардар, Андреа Пенезиќ, Сања Дамјановиќ и Татијана Хмирова, во следната натпреварувачка сезона 2023/24 ќе игра во понизок ранг на натпреварување

Раководството на тимот соопшти дека клубот, кој ќе се состои од младинки, ќе игра во третолигашката конкуренција во Унгарија.

За потсетување, ракометната федерација на Унгарија му го одзеде правото на Шиофок за учество во најквалитетното унгарско првенство, односно не му издаде лиценца за настап во елитата поради неплатени сметки за струја кон јавното претпријатие.

Сепак, клубот вложи максимални напори да обезбеди опстанок на ракометна мапа, така што во следната сезона ќе мора да се задоволи со настап во Трета лига.

Шиофок во сезона 2018/19 ја освои титулата во Лига на Европа. Во споменатата сезона, како и во сезона 2011/12 беше освоена бронзата во Унгарија.

Се пријавија во Лигата на Европа, а не добија лиценца да играат во домашното првенство!